Националната групација за осигурување АД Осигурителна полиса Скопје е друштво за неживотно осигурување основано во 2005 година со домашен приватен капитал.

Ние успеавме со сопствени сили да изградиме друштво кое нуди заштита, сигурност и извесна иднина за нашите клиенти.

Нашето друштво со годините на работа и посветеност, пред се кон клиентите, успешно се избори за првите позиции на македонскиот осигурителен пазар. До тоа се дојде благодарение на искуство и висока професионалност на менаџерскиот и стручиот тим составен од искусни и проверени професионалци, но и ентузујазмиот и енергијата на млади и високо едуцирани вработени.

Друштвото успева со примената на најновите методологии за утврдување на цените на осигурувањето базирани пред се на познавањето на ризиците, современото актуарство и методите на утврдувањето на обештетувањето да обезбеди квалитетна услуга и позитивни резултати на работење.





Националната групација за осигурување АД Осигурителна полиса Скопје има дозвола за обавување на дејност во класите на неживотно осигурување:

  • Осигурување од последици на несреќен случај - незгода;
  • Здравствено осигурување;
  • Осигурување на моторни возила (каско);
  • Осигурување на шински возила (каско);
  • Осигурување на воздухоплови (каско);
  • Осигурување на пловни објекти (каско);
  • Осигурување на стока во превоз (карго);
  • Осигурување на имот од пожар и природни непогоди;
  • Други осигурувања на имот;
  • Осигурување од одговорност од употреба на моторни возила;
  • Осигурување од одговорност од употреба на воздухоплови;
  • Осигурување од одговорност од употреба на пловни објекти;
  • Општо осигурување од одговорност;
  • Осигурување на гаранции ги покрива и директно или индиректно гарантира за исполнување на обврските на должниците;
  • Осигурување на финансиски загуби;
  • Осигурување на правна заштита ги покрива трошоците за правна помош и судски спорови и;
  • Осигурување на туристичка помош.