АД Осигурителна полиса има квалитетна реосигурителна заштита обезбедена од реномирана реосигурителна групација со рејтинг (А), со автоматско покритие кај имотните осигурувања, каско осигурувањето на моторни возила, осигурувањето од општа и професионална одговорност и транспортните осигурувања.
За поголеми и поспецифични ризици обезбедуваме и факултативно покритие преку нашите реосигурувачи. Ова треба да Ве увери во нашата подготвеност и способност да го преземеме Вашиот ризик на владеење во нашето друштво за осигурување, како и тоа дека станува збор за осигурителна куќа која доследно го прати вашиот деловен развој.
Вашата Зелена карта е обезбедена со неограничено реосигурително покритие по штетен настан согласно Европските регулативи, а домашната автоодговорност е реосигурена согласно законските лимити во земјата.