Доколку со проверка во базата на податоци за штети во Националното биро за осигурување утврдиме дека во претходниот период на осигурување не сте имале штета, без разлика во која осигурителна компанија претходно било склучено осигурувањето, Ви го признаваме стекнатиот бонус.

Во случај на промена на сопственикот на осигуреното возило во текот на траење на каско осигурувањето, истото престанува да важи, односно правата и обврските од полисата за осигурување не се пренесуваат на новиот сопственик. На стариот сопственикот му се враќа неискористениот дел од премијата (доколку во претходниот период не била пријавена штета), а новиот сопственик е потребно да склучи нова полиса за осигурување.

Вредноста на градежните објекти се определува според нивната градежна вредност, односно најчесто тоа е износот што во случај на штета би бил доволен оштетениот градежен објект да се доведе во првобитната состојба во која се наоѓал при приемот во осигурување.

Во случај на сообраќајна незгода неопходно е да се обрне внимание на следните неколку работи со цел што повеќе да се елиминираат евентуалните понатамошни проблеми:

  • веднаш известете ја полицијата и повикајте брза помош доколку има повредени лица;
  • не поместувајте ништо што би можело да им помогне на надлежните органи при составувањето на полицискиот записник за сообраќајната несреќа;
  • преземете ги сите можни мерки за да го заштите Вашето возило од нови дополнителни оштетувања;
  • обидете се да ги забележите сите детали во врска со незгодата, особено имињата на луѓето кои учествувале во сообраќајката или пак можат да сведочат за неа, регистарските ознаки и осигурителните компании на сите возила кои директно или индиректно учествувале во незгодата, како и бројот на значките (легитимациите) на полициските службеници кои излегле на местото на незгодата;
  • инсистирајте да се изврши алко-тест;
  • прашајте го полицискиот службеник каде и како можете да подигнете копија од сочинетиот полициски записник;
  • доколку Вашето возило е каско осигурено, штетата можете да ја пријавите кај Вашиот осигурувач;
  • доколку не поседувате полиса за каско осигурување, Вашето оштетно побарување го поднесувате во осигурителната компјанија на лицето кој што според полицискиот записник е виновен за настанаување на сообраќајната незгода.

Домаќинското осигурување на станбените објекти за живеење опфаќа повеќе ризици и затоа се нарекува комбинирано. Овој вид на осигурување ги покрива:

  • основните ризици во кои спаѓаат: пожар и удар од гром, експлозија, излевање на вода од водоводна и канализациона инсталација, луња, град, удар со сопствено моторно возило, паѓање на воздушни летала, манифестација и демонстрација;
  • осигурување од провална кражба и разбојништво на стварите во домаќинството;
  • осигурување од одговорност кон трети лица во случај на нанесување на штета од осигурениот објект на некој од соседните станови;
  • трошоци за нужно сместување при што во случај на тотална штета на осигурениот објект, доколку нема услови за живеење во тој објект, осигурителната компанија исплатува надомест како еден вид на кирија за престој во станбен објект.

Поимот франшиза означува учество на осигуреникот во паричниот износ на надоместот на штетата. На пример доколку се склучи каско осигурување со франшиза од 200 Евра, а настане штета во износ од 300 Евра, на осигуреникот ќе му бидат исплатени само 100 Евра од осигурителната компанија, бидејќи неговото учество е 200 Евра. Во некои случаи може да се изврши откуп на франшизата со плаќање на дополнителна премија. Во некои видови на осигурување може да се избере висината на франшизата со што се влијае на висината на премијата.

Осигурувањето од несреќен случај (незгода) важи 24 часа, како во земјата така и во странство.

Во зависност од видот на повредата се определува и времето кога може да се пријави барањето за надомест на штета. Во секој случај, пријавувањето треба да се изврши најмалку три месеци по завршеното лекување. Пријавата може да се поднесе и порано, меѓутоа процената на повредата од страна на лекар-цензор и решавањето на оштетното побарување се врши во наведениот рок.

Како корисник на полисата за патничко осигурување, доколку се случи немил настан и имате потреба од помош при патување, веднаш јавете се на нашата асистентска компанија Europ Assistance Hungary KFT на тел. број + 36 1 46536 31, која обезбедува техничка и организациска помош преку 24 часовен Центар за грижа на корисници, во случаи на итна медицинска помош и предвремено враќање одн. репатријација. Сите инструкции Ви се наоѓаат во Вашата папка со Вашата полиса како и Условите. Асистентската компанија, за медицински услуги кои се оправдани согласно Условите за патничко осигурување, може да издаде гаранција за плаќање на трошоците. По враќање дома, по можност веднаш, поднесете пријава на штета и приложете ја целокупната документација во оригинал, како и оригиналните сметки за лекувањето.

Доколку има повредени лица, повикајте Брза помош на 194 и јавете се во МВР на 192; Доколку возилата се оштетени во поголем обем и не можат самостојно да се движат по патот, и во други случаи во напишаното Упатство во Вашата папка со полиса (да се стави и линк кон Упатството), јавете се во МВР. По можност фотографирајте го местото на настанот и оштетените возила; Европски извештај: Во случај на сообраќајна незгода со мала материјална штета, во која нема повредени и/или загинати лица и е настаната на објекти и возила на кои не им се оштетени виталните делови за управување и запирање и возилата можат самостојно да се движат на патот, пополнете Европски извештај за сообраќајната незгода.

Плаќањето на премијата може да се договори да се плаќа на рати без камата, или еднократно за што кај повеќето класи на осигурување одобруваме дополнителен попуст.

Странец може да купи полиса за патничко осигурување, која ќе важи во земјите согласно избраниот пакет, освен во Македонија и во земјата од каде што тој потекнува.

Патничкото осигурување важи од моментот на преминување на нашата граница, што значи дека важи во земјите низ кои се поминува (транзит) до крајната дестинација.

Бонус-малус е систем на утврдување на висината на премијата за осигурување од автоодговорност во зависност од тоа дали во претходниот период на осигурување сте пријавиле штета.

Право на бонус (попуст) на полисата за АО остварувате во случај да не сте пријавиле штета за возилото. Во спротивно, доколку во претходен период сте имале пријавена штета, се пресметува малус (доплаток).

Каско осигурувањето важи на територијата на Македонија и во сите Европски земји.