Во текот на Вашиот престој во странство, нашата задача е да Ви обезбедиме заштита и поддршка за да уживате безгрижно во секој момент од патувањето.
Со полисата за патничко осигурување на АД Осигурителна полиса, имате сигурност дека ќе бидете соодветно заштитени и ќе добиете навремена помош доколку Ви затреба медицинска грижа или болнички третман.
Полисата за патничко осигурување Ви ги овозможува следниве осигурителни покритија ширум светот во реномирани здравствени институции:
- Здравствена помош
- Осигурување незгода
- Осигурување на багаж и надомест за загуба на патни документи
-Болничко лекување од болести и незгода
-Лекарска интервенција
-Репатријација
Во случај на потреба од лекарска помош обратете се на нашата асистентска компанија, која што обезбедува 24-часовна поддршка, на телефонскиот број +36 1 46536 31
Листа на здравствени установи, со кои нашата асистентска компанија има склучено договори за соработка
Услови за патничко осигурување