Ова осигурување е задолжително при регистрација на пловниот објект и важи на територијата на Македонија.

Со осигурување на одговорноста на осигуреникот за штети причинети на трети лица, АД Осигурителна полиса се обврзува да ги надомести сите износи што осигуреникот е обврзан да ги плати за штетите направени од страна на осигурениот пловен објект до осигурената сума за:

  • штети направени на некој друг пловен објект поради судар, удар или на некој друг начин;
  • штети направени со пристанишните уреди, навозите, гатовите, кејовите, каблите или со било кој друг прицврстен или подвижен предмет на копно или по вода;
  • штети причинети со изливање или исфрлање од пловниот објект на материи штети по околината
  • трошоци за мерките преземени по барање на осигурувачот и неговите претставници или во спогодба со нив, поради заштита од неоправдани или претерани барања на третите лица како и трошоци на разумни мерки што осигуреникот ги презел во ист правец без согласност со осигурувачот или негови претставници, ако таквата согласност благовремено не можел да ја добие;
  • побарувања за телесни оштетувања до сумата ограничена за одговорност на бродарот.


Услови за осигурување од одговорност од употреба на пловни објекти

Каско осигурувањето овозможува заштита од осигурени опасности на вашиот пловен објект, без разлика дали е оштетен во текот на пловидба или додека стоел усидрен и дали сте вие криви за незгодата или некој друг.

Со каско осигурување на пловни објекти може да се осигура секој пловен објект на внатрешни води (реки, канали и езера) во Македонија од ризици на кои е изложен за време на пловидба, мирување, усидрување и од одговорност за штети направени на трети лица.


Кои се предностите да склучите каско осигурување на вашиот пловен објект во АД Осигурителна полиса?

  • Заштита од широк спектар на ризици за вашиот брод, глисер или чамец
  • 24 часовно покритие во секоја ситуација: додека бродот плови, додека е усидрен и додека е на копно

Не заборавете, вашиот брод, глисер или кајче се најсигурни со нас.



Услови за осигурување на пловни објекти