Предмет на осигурување од општа одговорност е законската одговорност на осигуреникот за штета настаната со смрт, повреда на телото или здравјето како и оштетување или уништување на ствари на трето лице.

Со ова осигурување се покрива одговорноста за штета која настанала од работењето и активностите на осигуреникот и/или од поседување ствари и/или од правен однос и/или од одредено својство како извор на опасност. Тука спаѓа на пример одговорност од користење, поседување, закуп или плодоуживање на земјиште, зграда или простории кои се користат за обавување на дејноста, одговорност од користење на објектите кои служат за вработените и сл.



Услови за осигурување од општа одговорност

Со овој вид на осигурување се покрива законската одговорност на осигуреникот за штети нанесени на трети лица, кои настануваат како последица на пропуст или грешка во обавувањето на својата професионална дејност, како и заради повреда на законот со кој е регулирана наведената дејност.

Нудиме посебни осигурувања за следните дејности:

  • Доктори и стоматолози
  • Ревизори и ревизорски друштва
  • Туристички агенции
  • Геодети и геодетски друштва
  • Извршители
  • Адвокати
  • Проектантски друштва
  • Сметководители
  • Проценувачи
  • Нотари
  • Стечајни управители
  • Брокерски друштва
  • Градежни фирми и
  • Многу други дејности по потреба на осигурителниот пазар


Услови за осигурување од професионална одговорност

Осигурувањето од одговорност за производ е неопходно за сите правни лица кои се занимаваат со производство односно промет на производи и кои имаат интерес да ја осигураат својата одговорност за штети нанесени на трети лица. Со склучување на осигурување од одговорност за производ, АД Осигурителна полиса ви помага послободно и поквалитетно да настапувате на пазарот, да го сочувате својот углед кај потрошувачите и да спречите непотребни трошоци за евентуални штети.

Со овој вид на осигурување се осигурува вашата одговорност како осигуреник за штети предизвикани со смрт, повреда на телото или здравјето, како и оштетување или уништување на ствари на трети лица од производот кој е ставен во промет.

Покриени се идни, неизвесни и од Вашата волја независни штетни настани, кои настанале од производот со недостаток и врз основа на кои некое трето лице може да побарува надомест на штета како резултат на вашата одговорност за производство или ставање во продажба на таквиот производ.



Услови за осигурување од одговорност од производ