Кај осигурувањето на стока во транспорт – карго, предмет на осигурување е робата која е изложена на транспортни ризици во текот на различни видови на транспорт (поморски, речен, железнички, камионски, авионски).


Осигурени ризици


Стоката во превоз може да се осигура, во зависност од желбата на осигуреникот, од:

  • Основни ризици: пожар, експлозија, сообраќајна или пловидбена незгода, вулканска ерупција, поплава, лавини, одрони, гром или луња;
  • Сите транспортни ризици (Against All Risks – AAR): основни ризици + манипулативни ризици (лом, оштетување на амбалажа, гребаници и деформација на предмети, мирис, допир со друга роба, расипување, прокиснување, рѓа, оксидирање), кражба + злонамерно и противправно делување на трети лица;
  • Специјални ризици поврзани со специфичната природа на робата;
  • Воени и политички ризици.


Услови за осигурување на стока во превоз (карго)

Ова осигурување претставува одговорност на превозникот (осигуреникот) кон сопственикот на робата преземена за превоз врз основа на склучен договор за превоз, а во согласност со одредбите на Конвенцијата за договорите за меѓународен друмски превоз на стоки (CMR) и Законот за договорите за превоз во патниот сообраќај.


АД Осигурителна полиса му ги надоместува на осигуреникот сите трошоци кои се основани и кои осигуреникот треба да ги плати врз основа на својата одговорност како превозник, за штетите кои ќе настанат во текот на превозот на пратки како резултат на целосно или делумно оштетување или уништување на робата, настанати од моментот на преземање на робата за превоз до моментот на испорака на робата.



Дополнителни ризици:

  • Штети настанати како последица на докажана кражба на робата или кражба на целото возило со роба;
  • Штети настанати како резултат на дефект на уредот за терморегулација;
  • Штети на робата настанати во текот на натовар на робата на превозното средство или истовар на робата од превозното средство;
  • Штети заради доцнење во испораката на робата преземена за превоз;
  • Трошоци за уништување на оштетена роба.


Услови за CMR осигурување