Пожарот или некоја друга опасност која е опфатена со ова осигурување може да нанесе огромна штета на Вашиот имот, кој е предмет на долгогодишно вложување и одрекување.

За жал, во најголем број случаи, непредвидливите настани не можат да се избегнат, меѓутоа доколку имате склучено осигурување, може да се намалат и ублажат штетните финансиски последици.


Предмет на осигурување се:

  • Различни градежни објекти и друг недвижен имот (вклучувајќи ги сите нивни делови): станбени објекти, деловни, индустриски и занаетчиски објекти, инвестиции во тек и разни други објекти;
  • Мебел, машини, апарати, уреди и останата опрема, алат;
  • Залиха (на материјали, недовршени производи, готови производи, роба и основни средства), како и
  • Парични средства, хартии од вредност, уметнини и сл.

Осигурени ризици

Ваш е изборот на осигурени опасности, при што основниот пакет на ризици опфаќа: пожар и удар од гром, експлозија, излевање на водоводна и канализациона инсталација, луња, град, удар со сопствено моторно возило и сопствена подвижна работна машина во осигурениот градежен објект, паѓање на воздушни летала, манифестација и демонстрација.

Доколку посебно се договори, можете да се заштитите и од следните дополнителни ризици: поплава и порој, лизгање и одронување на земјиште, слегнување на тло, снежна лавина, истечување на течности (лекажа), самозапалување на залихи, удар од непознато моторно возило, одговорност кон и од трети лица и земјотрес.



Услови за осигурување на имот од пожар и природни непогоди

Со оглед на фактот што Македонија претставува трусно подрачје, најзастапено и најактуелно дополнително осигурување на осигурувањето од пожар претставува земјотресот.

Предмет на осигурување од земјотрес се вашите градежни објекти (станбени објекти, деловни, индустриски и занаетчиски објекти и др.) и вашиот недвижен имот (мебел, машини, апарати, уреди и останата опрема, алат и др.).

Осигурувањето ги надоместува трошоците предизвикани од оштетување или уништување на осигурените предмети, настанати директно како резултат на земјотрес.



Услови за осигурување на имот од земјотрес

Доколку обратите внимание на извештаите од медиумите и искуството од околината, ќе станете свесни дека провалните кражби се дел од нашето секојдневие како кај нас, така и во светот. Дури и со современи мерки на обезбедување, често се случуваат кражби. Еден од најдобрите начини за надомест на претрпената штета, секако е осигурувањето од провална кражба и разбојништво во АД Осигурителна полиса.

Што се осигурува?

Предмет на осигурување можат да бидат следните подвижни работи кои се во сопственост на осигуреникот:

  • Мебел, уреди, машини и апарати, залиха, уметнички дела, книги, разни збирки и вредни предмети и сл.;
  • Готови пари, драгоцености, меници, хартии од вредност;
  • Готови пари во банки, пари во пренос.

Кои ризици се покриени?

Осигурителната заштита се пружа во случај на извршување или обид да се изврши ризикот провална кражба, разбојништво и вандализам.



Услови за осигурување на имот од кражба

Вашата куќа или стан, сосема сигурно ви е од голема важност. Со години вложувате во домот, за да своето место за живеење го направите што попријатно за себе и своето семејство.

Меѓутоа, бројни несакани ризици можат да ја загрозат сигурноста на вашиот дом и да предизвикаат големи финансиски трошоци.

Затоа, заштитете го вашиот дом на време – купете полиса за домаќинско осигурување во АД Осигурителна полиса.

Со осигурувањето на домаќинството (објектот и стварите), ќе избегнете финансиски трошоци во следните случаи:

  • пожар, удар од гром, експлозија;
  • луња, град;
  • манифестација и демонстрација;
  • паѓање на воздушни летала;
  • излевање на вода од инсталации;
  • провална кражба и разбојништво;
  • одговорност кон и од трети лица.

Дополнително, можете да договорите осигурување и од следните дополнителни ризици:

  • поплава, порој и високи води;
  • лизгање и одронување на земјиште;
  • снежна лавина;
  • кршење на стакло.

Кои се предностите да склучите полиса за домаќинско осигурување во АД Осигурителна полиса?

  • Достапни премии (цени)
  • Можност за креирање на пакет на осигурување согласно вашите потреби


Услови за домаќинско осигурување
Купи полиса online