Сите ние, секојдневно сме изложени на ризик од незгода со што нашиот живот и здравје можат да бидат сериозно загрозени. Со осигурувањето од последици на несреќен случај - незгода се ублажуваат лошите последици од несреќните случаи на работното место, но и при останатите активности во текот на целиот ден, во местото на живеење и при патување во странство (временски и просторно неограничено).

 

Осигурувањето може да биде индивидуално или колективно и истото овозможува покривање на следните ризици:

    • Смрт од последици на несреќен случај
    • Траен инвалидитет од последици на несреќен случај (незгода)
    • Преодна неспособност за работа (дневен надомест) од последици на несреќен случај (незгода)
    • Трошоци за лекување од последици на несреќен случај (незгода)

АД Осигурителна полиса Ви овозможува осигурување од незгода на: вработени, ученици и студенти, деца од претшколска возраст, членови на домаќинство, спортисти и слично.



Услови за незгода