А.Д. Осигурителна полиса е постојано отворена за искусни и мотивирани соработници.
Доколку сте заинтересирани за работа во Друштвото, испратете ни CV

Активни огласи за вработување

Практикант во ИТ сектор

  • Скопје

Се распишува оглас за практикантска работа во ИТ Сектор во АД Осигурителна полиса Скопје, во дирекција на бул.Свети Климент Охридски бр.26 Скопје.

Практикантот се ангажира со цел стекнување на вештини во областа на ИТ технологијата во делот на осигурувањето и ќе ги обавува следните задачи:

  • поддршка на стручните служби на Друштвото и на експозитурите во секојдневните активности со MS-Word, MS-Excel, MS-Outlook
  • идентификација на процеси при обработка на податоци, кои може да се автоматизираат и програмирање на соодветни апликации
  • креирање на графички интерфејси, погодни за користење од страна на стручните служби за обработка на податоци 

Се бара 1 лице за обавување на практична работа.

Времетраење на ангажман е не повеќе од 6 месеци. Почеток на ангажман флексибилен во договор со избран апликант.

Флексибилно работно време, не помалку од 2 часа дневно и не повеќе од 40 часа неделено, со комбинација од канцелариска работа и работа од дома/место по договор. 

Потребни вештини:

  • Познавање на оперативен систем Windows
  • Познавање на Microsoft Office 
  • Основно познавање на SQL и python

Ангажманот е со месечен надоместок во висина од  14.500,00 денари за обавување на пракса од 40 часа неделно, односно сразмерно на договорениот ангажман за практиканство.

Право на аплицирање имаат лица кои не се во работен однос и да не се постари од 34 години.

Огласот трае до 31.08.2021г. до кој датум се поднесува и апликација.

Одговор на поднесена апликација ќе се достави во рок од 7 дена од истек на огласот.

Дата на објава: 20.08.2021г.

АД Осигурителна полиса перманентно бара надворешни соработници за продажба/посредување на осигурување, доколку сте заинтересирани пратете CV

Прати CV